11.09.2012 | Битола, соопштение
ЛДП бара општина Битола да ја награди хероина Наковска –Биковска
Либерално-Демократската партија и го честита извонредниот успех на нашата национална хероина Оливера Наковска –Биковска, која освои златен медал на Параолимписките игри во Лондон.
Успехот со кој сите се гордееме е резултат на нејзината пожртвуваност, и повеќегодишна напорна и макотрпна работа, во услови кои се далеку од светските стандарди и во кои тренираат нејзините спортски противници.
Затоа, ЛДП апелира покрај она што и следува со закон, Оливера да биде соодветно наградена од Општина Битола и да и се обезбедат соодветни услови за тренинг.
Инвестирањето и сесрдната подршка за спортисите, како што е Оливера, ќе биде поттик илјадници млади луѓе да тргнат по нејзините стапки и во иднина да бидат достојни репрезенти и претставници на македонскиот спорт.
|