ЛДП низ Македонија
Сподели
 
 

13.09.2012 | Битола, прес конференција

 

 

 

ЛДП: ВМРО-ДПМНЕ е кадровската истрошен

 

 

Потпретседателот на огранокот во Битола на ЛДП, Александар Цветковски одржа прес конфернција

 

 

Сакаме да ги потсетиме граѓаните за акцијата Бран, која Дпмне ја најави пред пет месеци, и истата требаше да донесе нова енергија, нови сили и нови лица на раководни позиции во градот.

 

Сега е веќе јасно, видовме само мало бранче кое го смени техничкиот директор на Нискоградба, а претставата со поднесување оставки преку медиуми беше обично замајување на народот.

 

Бранот требаше да биде силен и долготраен, и затоа го потсетуваме градоначалникот Талески, како најодговорен за состојбите во градот, и бараме одговори на неколку прашања:

-Зошто градоначалниче,  не ги почитувате законите и не ја разрешите директорката на Медицинското училиште?

-Кога ќе го смените директорот на Техничкото училиште, и дали Антикорупциска комисија донела препорака за негово заминување од функцијата?;

-Дали  училишните одбори, во овие училишта  Ви откажале послушност и сега сте немоќни да го спроведете законот?

-Зошто го кршите законот, со одложување,  на назначување на директор во Таки Даскало и која е причината за тоа?

-Кој управува со Старски дом и кога ќе назначите директор во таа установа?

-Кога ќе ги надминете партиските несогласувања и ќе ги одредите првиот човек  на Комуналец?

-Ќе соберете ли храброст да му наложите на првиот човек на Водовод, да си го исплати долгот кон Стрежево за испорачана вода и зошто истиот го криете од јавноста?

 

ЛДП смета дека непоставувањето на први луѓе на овие институции е само уште еден доказ за кадровската истрошеност на Дпмне, и лутата внатрепартиска борба на различните фракции за подобри позиции, а во таа борба најголеми губитници се граѓаните на Битола.



 


 
 
 
Соопштенија / Прес конференции
Колумни
Видео
ЛДП низ Македонија
 
 
 

 

© ЛИБЕРАЛНО ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА - ул. „11 Октомври“ бр.8-1/4 - Скопје, тел: 02/3298-260; 02/3298-261; 070/316-211