Соопштенија - Прес
Сподели
 
 

26.03.2012| Скопје, Дејан Блажевски

Прес конфернција на ЛДП

 


ЛДП инсистира Владата да се откаже од дел од акцизата за бензините


 

Членот на Централниот Одбор на ЛДП, Дејан Блажески, одржа прес конференција.

 

Најновото покачување на цените на горивата ја помина границата на трпеливост на граѓаните. Со овие цени бензините во Македонија ги уриваат рекордите во регионот, а и пошироко. Очигледно е дека Владата  нема намера да преземе чекори кои ке  имаат ефект врз намалувањето на цените на горивата туку само ја замајува јавноста со непродуктивни средби на министерот Сарачини со претставници од ОКТА. 

 

Го повикуваме Премиерот Никола Груевски да престане со оваа фарса. Како директен учесник во срамниот договор со ОКТA, многу добро ја познава методологијата со која на оваа компанија и е загарантирана монополската позиција. Ако кон ова се додаде изјавата на    Премиерот Никола Груевски, цитирам  : ”Се обидуваме во едни вакви непријатни констелации во Европа и во светот да обезбедиме колку што е можно помали давачки на граѓаните кон државата, кои во Македонија, за разлика од другите држави, кои драстично ги зголемуваат даноците во овој период, ниту може да ги промени, ниту да биде во поинаква ситуација од другите земји ”. Станува сосема јасно дека Владата не само што не е заинтересирана за да им помогне на осиромашените граѓани, туку продожува безмилосно да ги ограбува.

 

Би сакал да ја запознаам македонската јавност дека владата на Македонија учествува  во крајната цената на горивата  со 40 денари од акцизата и ДДВ, пари со кои го полни буџетот. Само за компарација, цените на бензинот на земјите од регионов : 

 

ХРВАТСКА  95- 1,42 евра,

 БОСНА       95-1,25,            

 СРБИЈА     95-1,25 евра,

Бугарија  95- 1,25 евра,

МАКЕДОНИЈА 95-1,35    и    98-  1,38 евра.

 

Значи само Хрватска во овој момент се плаќа поскап бензин. За илустрација Србија пред некој ден ја намали цената  на бензинот за 2 динари од литар, а во Бугарија се случија масовни протести многу логично е истото да се  очекува и кај нас.


Дека нема оправдување за изјавите на Премиерот зборува и  подокот за БДП на овие земји, за жал  Македонија е на дното со БДП од само 3.290 евра по жител на годишно ниво за разлика од Србија 4.651 евра , Црна Гора - 4.908 евра,Бугарија 4.400 евра, а за Хрватска каде БДП изнесува цели 14.222 евра и да не зборуваме.

 

ЛДП сака да ги потсети граѓаните дека минатата година непосредно пред распишувањето на предвремените  Парламентарни избори, кога цената на бензинот БС-95 достигна 80,5 денари, Владата краткорочно се откажа од дел од акцизата, со што цената на бензинот се намали за 4,5 денари, а дизелот 2,5 денари.

 

Повторно го повикуваме Премиерот, Никола Груевски, сега кога цената на бензините драстично ја надмина онаа од минатата година да ја примени истата мерка. Доколку Владата нема слух за овој апел, станува јасно дека минатогодишното намалување на цената на горивата со Владината интервенција беше политички трик на Премиерот, Никола Груевски, во пресрет на предвремените  парламентарни избори при што направи груба манипулација со граѓаните, се со единствена цел да ја добие нивната доверба на предвремените парламентарни избори.



 


 
 
 
Соопштенија / Прес конференции
Колумни
Видео
ЛДП низ Македонија
 
 
 

 

© ЛИБЕРАЛНО ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА - ул. „11 Октомври“ бр.8-1/4 - Скопје, тел: 02/3298-260; 02/3298-261; 070/316-211