24.04.2012 | Скопје, Проф.Д-р Зоран Шапуриќ
Прес конфернција на ЛДП
ЛДП бара антикорупциска ВЕДНАШ да поведе постапка за трите врби од 250 000,00 евра !
Членот на Извршниот Одбор на ЛДП, Зоран Шапуриќ, одржа прес конференција
Повод за денешниот прес на Либерлано демокртаската партија е засадувањето на дрвја односно врби покрај реката Вардар. Иако се тврди дека овој проект е одамна планиран самата цена од околу 250.000 евра за врбите е прескапа и претставува навистина голем преседан. Затоа, ЛДП бара да им се објасни на граѓаните на Република Македонија и на севкупната македонска јавност да се објасни како е дојдено до оваа енормно висока сума и да се даде детална спецификација за сите трошоци во врска со поставувањето на врбите. Ова уште повеќе во услови кога оваа сума може да се искористи за низа други попотребни работи во Скопје и кога државата и градот се задолжуваат.
Во прилог на ова оди и исчудувањето на експерите од областа на шумарството за сумата за поставувањето на врбите кое деновиве беше презентирано во медиумите. Исто така, според каталозите на било која организација која се занимава со производство на расад и садење на дрва, цените се многукратно пониски, односно најскапата врба е оклу 218 евра.
ЛДП бара Антикорупциската комисија да покрене постапка за овој случај, доколку не го направи тоа во рок од 10 дена ние ќе го доставиме предметот за разгледување пред комисијата.
ЛДП ќе побара информација и одоговор во Советот на град Скопје од градоначалникот на град Скопје, за севкуоните трошоци за поставувањето на врбите. Исто така, ЛДП ќе побара одговор од Државната комисија за спречување на корупција за овој случај.
|