Советници од ЛДП
Сподели
 
 

Покажавме како успешно се управувa Скопје,... СКОПЈЕ ДОБИ НОВА ВОДЊАНСКА, ПРВОМАЈСКА, КОЗЛЕ, ЏОН КЕНЕДИ, РАДИШАНСКА... НОВ ЛИК НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА.... ТВРДИНАТА КАЛЕ СО НОВ СЈАЈ... Изградивме целосно нова – најсовремена автобуска станица во овој дел од Европа.... ги намаливме комуналиите за градба во Скопје за 17%...

 

Општината е основен организационен облик во кој граѓаните ги остварувааат своите животни потреби. Така би требало да биде. Но во Македонија не е така. И затоа ЛДП на последните избори се залагаше за :

  • За фискален суверенитет на општините да се промени праксата на распределба на данокот, бидејќи од персоналниот данок, 97% зема владата а само 3% останува во Општините. Од ДДВ, данокот на игри на среќа и данокот на добивка све зема владата.
  • Поголеми надлежности на Општините. На ниво на општини да се воведат локална брза помош, локална полиција и општините директно да влијаат на социјалните давачки.
  • Да се децентрализира управувањето со градежните надлежности. На општините да им се обезбеди конкурентност, така што управувањето со градежните надлежности ќе биде застапено по општините, со што секоја од општините, а во случајот со развојните планови, имаат можност за пронаоѓање на партнери за green-field инвестиции, со што би се зајакнала позицијата на општините во развојно-ефикасна смисла.

 

На општините им припаѓа повеќе,

На општините им е потребно повеќе.

СИЛНИ ОПШТИНИ - СИЛНА МАКЕДОНИЈА

 

Денес Либерално демократската партија на локално ниво ја претставуваат 39 совеници низ цела Македонија.

 


 
 
 
Претседатели на О.О
Советници од ЛДП
Градска организација - Скопје
 
 
 

 

© ЛИБЕРАЛНО ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА - ул. „11 Октомври“ бр.8-1/4 - Скопје, тел: 02/3298-260; 02/3298-261; 070/316-211