Во изјавата на Либералната интернационала, чија полноправна членка е Либерално-демократската партија, Претседателот на Либералната интернационала, лордот Олдердајс се изразува разочараност заради опструкциите кои грчкото вето ги поставува во однос на членството на Република Македонија во НАТО. Според лордот Олдердајс опструктивноста на Грција е спротивна на духот на транснационалните семејства, однесување кое се повеќе го фрустрира останатиот дел на Европа и сојузниците. Либералната интернационала оценува дека Грција го попречува проширувањето на НАТО единствено врз основа на историски непријателства, а не врз основа на безбедносни или демократски забелешки, или врз основа на националниот интерест.
Лордот Олдердајс истакна:„Одлична е веста дека НАТО продолжува со својата политика на „отворени врати“ кон Европските земји кои се предани на развој на своите општевства врз основа на принципите на либералната демократија. Ги поздравувам поканите за Албанија и Хрватска и се надевам дека перспективите на Грузија и Украина и понатаму ќе бидат позитивни. Сепа, многу сум разочаран дека Грција го употреби ветото за да го ја опструрира поканата на НАТО на Македонија. Тоа во никој случај неможе да биде во интерес на Грција и нејзиниот народ. Таквата одлука е спротивна на духот на овие транснационални семејства и се плашам дека остатокот од Европа и нашите сојузници се се повеќе фрустрирани од очигледното неправедно опструирање.Луѓето се жалат дека по зачленувањето во ЕУ и НАТО, Грција го користи своето за да го опструира проширувањето на Унијата и на Алијансата, не врз основа на демократски или безбедносни забелешки, ниту врз основа на национални интереси, туку заради историски непријателства за во Европа кои сите работевме да ги надминеме. Таквата перцепција не им служи на интересите на нашите грчки пријатели и верувам дека грчката влада ќе најде начин да ги разреши нараснатите проблеми наметнати од историските непријателства".