ВЕСТИ
"Ги поддржуваме либерал демократите во Македонија во нивната борба против националистичкиот популизам на престојните предвремени избори"
13.04.2008

На отвoрањето на советот на Европската либерално-демократска партија (ЕЛДР) во Талин, Естонија, претседателот на ЕЛДР Анмари Нејтс се осврна на состојбите во Србија и Македонија. Таа јасно го осуди грчкото вето за членството на Република Македонија во НАТО и упати порака да поддршка на ЛДП за престојните вонредни избори.

Претседателката Нејтс изјави: “ Денешната дебата ќе биде во однос на нашата заедничка визија за Европа гледана преку призмата на ЕЛДР манифестот а во однос на европските избори планирани за 2009 година. Но ние не смееме да заборавиме дека некои наши либерални пријатели сеуште се борат за да ја осигураат европската перспектива на своите нации. Во повеќе пригоди имаме потенцирано дека иднината на земјите од Западен Бакан е во ЕУ. Никој повеќе не се сомнева во тоа.

Би сакала да ја споделам разочараноста во однос на заклучоците од самитот на НАТО во однос на Република Македонија. Тесно националистичките агенди не смеат да бидат толерирани од било која членка на евроатланското семејство, вклучувајќи ја и Грција. Исто така не би смеело да се злоуботребува ветото за промовирање на ваквите агенди. Макединците и понатаму ќе ги имаат нашите симпатии како и нашата поддршка. Ние ги поддржуваме нашите пријатели, либерал демократите во Македонија во нивната борба против националистичкиот популизам на престојните предвремени избори. Искрено се надевам дека македонскиот електорат ќе потсети на тоа дека либерал-демократите за време на нивното учество во владата на Република Македонија, земјата оствари брз напредок во насока на евроатланските интеграции.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------