Носителот на листата во втората изборна единица од коалицијата „Сонце -коалиција за Европа“, Јован Манасијевски и кандидатите за пратеници од таа единица денеска одржаа три мини-митинзи со жителите од населбите Тоде Мендол, Перо Чичо и Гоце Делчев.
Манасијевски на кумановци им вети анти-инфлаторна политика и брзо интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО.
"Во Македонија никогаш немало инфлација од 10 отсто. Дури и Албанија има инфлација од 4 проценти и куповната моќ на нивните граѓани е повисока од куповната моќ на Македонците" - рече Манасиjeвски.
Тој го критикуваше носителот на листата во двојката на коалицијата „За подобра Македонија“, Трајко Славески дека од солидарниот фонд на пензионерите зел седум милиони евра.
"Не му се доволни милијарда и 300 милиони евра во Буџетот па мораше на пензионерите да им ги земе и парите од фондот, а потоа неговата партија да се фали пред граѓаните дека ги зголемила пензиите" - рече Мансијевски.
Тој се осврна и на односот на ВМРО-ДПМНЕ кон најголемата општина во држвата, бидејќи, како што вели, за две години не издвоила ниту денар за Куманово.
Пред жителите на трите населби зборуваше и кандидатот за пратеник од „Сонце“, Иван Анастасовски кој рече дека неговата партија излегла од коалицијата со ВМРО ДПМНЕ, поради невлегувањето на Македонија во НАТО како и поради недонесениот Закон за стечајци.
Пред кумановци се обратија и кандидатите за пратеници Оливер Спасовски, Виктор Цветковски, Велимир Кузмановски и Александра Ѓорѓиевска кои презентираа дел од изборната програма на коалицијата „Сонце“.