Либерално-демократската партија, одбележувајќи ја својата годишнина, во соработка со ELDR (Партијата на европските либерал-демократи) , VVD (холандски либерал-демократи) и Фондацијата Фридрих Науман ја организира Конференцијата: - „ Овозможување на европската агенда во Југоисточна Европа: Одговор на либералните демократи на конзервативните и популистички политики“.
Конференцијата на која ќе присуствуваат еминентни гости, либерал-демократи од регионот, ќе ги дефинира перспективите на Југоисточна Европа на патот кон евроатланските интеграции, особено во поглед на конзервативните политики и растечкиот популизам со кои се соочени граѓаните од регионот.
На Конференцијата, своите гледања за актуелните тенденции во регионот и потенцијалните одговори ќе ги понудат:
Весна Пусиќ, претседавачот на Националниот Совет за европски интеграции на Хрватска и потпретседател на ELDR,
Џевдет Чакаров. потпретседател на Либералната Интернационала, инаку актуелен бугарски министер за заштита на животната средина,
Кристијан Давид, романски министер за внатрешни работи и за јавна администрација кој претходно го предводеше процесот на приклучување на Романија во Европската Унија,
Ѓерѓ Дедај, косовскиот заменик-министер за труд и претседател на Либералната партија на Косово ,
Билјана Раева, член на Европскиот парламент
Матеја Демшич, Либерална академија на Словенија
На конференцијата за прв пат по самитот на НАТО ќе пристуства и политичар од Грција , потпретседателот на Либералната Алијанса, Емануел Маноледекис .
Домаќин на Конференцијата која ќе се одржи во сабота , на 19 април во х.Холидеј Ин во Скопје, ќе биде претседателот на ЛДП, Јован Манасијевски .( програмата е во прилог)