ВЕСТИ
Груевски продолжува со партизација на државната администрација
15.04.2008

"За жал во однос на партиските вработувања во Македонија и се повторува 2002 година, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на заминување од власт. Уште од првиот ден на распишување на изборите партискиот билтен “Вечер” е преплавен со огласи за партиски вработувања.

Наспроти најавите на Груевски дека ќе продолжел со реформи и исполнување на европската агенда, тој го прави токму спротивното и со секој потег ја оддалечува Македонија од ЕУ и НАТО. Очигледно е дека за него никакво значење нема годишниот извештај на ЕУ каде децидно го предупредуваат за целосна партизација на администрацијата.

Армијата од 360000 невработени од ден на ден се зголемува, единствено се намалува бројот на невработени партиски војници и блиски роднини на функционери од ВМРО-ДМПНЕ.

Сакам да истакнам дека Груевски е крајно неискрен и лицемерен не само кон народот туку и кон своите членови. Тој добро знае дека овие партиски вработување не се во согласност со законот бидејќи оваа влада е техничка и при промената на власта истите ќе бидат ревидирани." -посочи Роза Топузова Каревска на нејзината денешна прес конференција.

 

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------