Предлогот на владејачката партија, учесниците на изборите да потпишат Кодекс за одржување на фер и демократски избори, според Либерално-Демократската парија, освен што е непотребен, претставува израз на крајно лицемерие. За ЛДП, како што укажа портпаролот Нешковски, предложениот Кодекс е наменски и треба да му послужи на ВМРО-ДПМНЕ како параван зад кој се крие нивната намера за фалсификување на предвремените избори. „Како да го прифатиме овој документ кога според Изборниот Законик, претседателот на Државната изборна Комисија треба да е лице предложено од опозицијата, а владејачката ВМРО-ДПМНЕ не само што не го испочитува Законикот, туку немаше ниту доблест да отвори парламентарна дебата за расчистување на ова прашање. Како еклатантен пример за тоа би сакале да потсетиме на изјавата на претседателот на ДИК, Јован Јосифовски кој за „Дневник“ соопшти дека од позицијата претседател на ДИК ќе се повлечел само доколку од мене тоа го од него го побара Никола Груевски. Ваквата изјава е јасна потврда дека првиот човек на ДИК е партиски војник на ВМРО-ДПМНЕ и полтрон на Никола Груевски“, велат либерал-демократите. Според нив, како уште една потврда за нелогичноста на овој предлог според ЛДП е и фактот дека ВМРО-ДПМНЕ не го испочитува Изборниот Законик ниту во делот кој го дефинира на рамноправното медиумско претставување на партиите. Згора на тоа, доаѓа и смената на директорот на МРТВ и поставувањето на некомпетентен партиски војник на клучната позиција во „јавниот сервис“. ЛДП, беше речено на прес-конфернцијата, не очекува од оваа техничка влада, од ВМРО-ДПМНЕ и од Никола Груевски да спроведат фер и демократски избори.