ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ врши огромен притисок врз населението во четвртата изборна единица
17.05.2008

Kандидатот за пратеник во четворката, Роза Топузова Каревска,денеска на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ деновиве врши огромен притисок врз населението во четвртата изботна единица и пред се во Прилеп.

"Ученици се злоупотребуваат за делење пропаганден материјал, продолжуваат незаконските партиски вработувања, а притисокот е најголем врз Тутунскит комбинат Прилеп кој во овие две години додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт покажа најлоши резултати"- рече Роза Топузова-Каревска.

Според ЛДП, ВМРО-ДПМНЕ има стратегија до септември годинава да го ликвидира ТК Прилеп, со што ќе бидат погодени 1.500 вработени и 6.000 до 7.000 членови на нивните фамилии и најмалку 10.000 граѓани кои се кооперанти на Комбинатот.

- Производството на цигари денес изнесува околу 58 тони месечно што е само седум проценти од капацитетот на комбинатот, откупот на тутунот е 1.650 тони или 25 проценти од вкупниот капацитет.Вкупната загуба достигна рекордни девет милиони евра, а вкупниот долг ако се додаде и долгот кој ТК Прилеп го има кон државата изнесува 25 милини евра, посочи Топузова-Карeвска.

Таа праша дали Министерството за внатрешни работи и министерката Јанкуловска има покренато некаква истрага за ивозот на фалсифкувани цигари во сопственот на Филип Морис и Бат, што ги реализирал ТК Прилеп како и дали е запознаено дека се извезувале цигари „партнер“ и „вип“ на Косово, пратки кои на крај сепак завршувале во ТК Прилеп.

 

 

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------