ВЕСТИ
Кандидатите за пратеници од единицата од “Сонце-Коалицијата за Европа” на средба со граѓани во Кисела Вода и Припор
20.05.2008

Кандидатот за пратеник од ЛДП во првата изборна единица, Ристо Пенов, заедно со останатите кандидати за пратеници од листата на “Сонце-коалиција за Европа” денес имаше средба со граѓани во Припор, Кисела Вода 1 и 2.

На средбата во Кисела Вода, Ристо Пенов остро ја нападна политика на Груевски која ја води Македонија кон изолација и сиромаштија.

“ ВМРО-ДПМНЕ кога и да дојде на власт упропастува се што до тогаш било домаќински градено. Во 2005 кога “цело Скопје стана вмроовски град” почна периодот на пропаѓање на Скопје, на едно темно Скопје, кое се угуши во смет и ѓубре. ВМРО-ДПМНЕ не само што ги зголеми цените на државно ниво туку и го отежна животот на Скопјани кои сега имаат за 100% поголеми расходи за комуналии. ”- истакна Пенов на вечерашната средба во Кисела Вода.

“ Им ја оставивме Македонија, средена и изведена на правилен пат, им ја оставивме Македнија земја-кандидат за ЕУ. А кандидатскиот статус го издејствувавме во многу потешки услови, во една пост-конфликтна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ не знаеше и не знае како да го продолжи патот кон евро-атланските интеграции. Само со “Сонце-Коалицијата за Европа” Македонија ќе продоложни да го оди правиот пат.Со нас Македонија за 6 месеци ќе добие датум за преговори со ЕУ и ќе стане земја членка на НАТО. Тоа е правиот пат кој на граѓаните на Македонија ќе им обезбеди да побезбеден живот со подобар животен стандард. ”- рече Пенов.

Со жителите на Кисела Вода се сретнаа и кандидатите за пратеници Силвија Стојановска и Зоран Атанасов.

 

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------