Кандидатот за пратеник од ЛДП во четвртата изборна единица и претседател на Форумот на жени на ЛДП, Роза Топузова Каревска, заедно со останатите кандидати за пратеници од листата на “Сонце-коалиција за Европа” денес одржаа предизборен митинг во Демир Капија .
На митингот во Демир Капија,Топузова-Каревска им порача на граѓаните на први јуни да се определат за политичари кои одговорно ги исполнуваат своите ветувања.
“ На Македонија и требаат луѓе кои знаат како да ја направат Македонија стабилна држава, луѓе кои умеат да ги намалат цените кои последните 2 години се рапидно зголемени, одговорни политичари кои знаат да го подобрат животот на Македонските граѓани. На Македонија не и требаат политичари како Груевски и неговите министри кои немањето резултати од нивното (не)работење го прикриваат позади скапите реклами и кампањи платени со парите на граѓаните.На Македонија не и треба Влада како оваа на ВМРО-ДПМНЕ која исплашена од поразот кој и следува, врши незаконски вработувања насекаде во Македонија, токму како незаконските вработувања кои овие денови се случуваат во вашиот “Завод за лица со посебни потреби””-рече Топузова Каревска.
“Нашата коалиција знае како одговорно се работи. Нашата влада издејствува кандидатски статус и ја донесе Македонија пред портите на НАТО. За разлика од нас Груевски од стоте можни чекори се сопна уште на првиот поголем чекор, се врати поразен од Букурешт без НАТО покана за Македонија.”- истакна Топузова Каревска.
“ Од тука од Демир Капија ќе им порачаме дека Македонскиот народ на први јуни заедно со “Сонце-Коалицијата за Европа” ќе ја отвори железната врата и ќе почне сигурно да се движи по патот кој води кон една Европска Македонија каде граѓаните имаат повисок животен стандард. “ - рече Топузова Каревска.
Пред жителите на Демир Капија се обратија и носителот на листата Зоран Заев, потпретседател на СДСМ како и кандидатот за пратеник Лолита Ристова.