Кандидатите за пратеници од коалицијата "Сонце" за изборната единица 3, денес имаа свое обраќање пред жителите на општина Делчево.
Во своето обраќање пред жителите на Делчево,кандидатот за пратеник,Андреј Жерновски-потпретседател на ЛДП, упати силни критики до Владата на Груевски, за погубната надворешна политика која што Македонија ја води кон самоизолација.
“Како резултат на погубната надворешна политика на Владата на Груевски,се поголем е бројот на Македонци кои што земаат Бугарски пасоши...се со цел полесно да патуваат низ Европа...Само брзото интегрирање на Македонија во Европските и Евроатланските структури може да го запре ваквиот загрижувачки тренд...Токму затоа една од главните заложби на коалицијата “Сонце“ е брзото интегрирање на Македонија во овие структури“ - рече Жерновски
Тој во своето обраќање ги потсети жителите на Делчево и на манипулациите на владата на Груевски во делот на економското работење.
“Велат ги покачиле пензиите за 10 отсто,а забораваат да кажат дека ги покачија цените на основните прехранбени продукти за цели 30 проценти“ - рече Жерновски
Пред граѓаните на делчево говореа и кандидатите за пратеници од коалицијата “Сонце“ Радмила Шеќеринска-Претседател на СДСМ,Тито Петковски-Претседател на НСДП и Горан Ѓоргиев.