ВЕСТИ
Антикорупциската Комисија да и наложи на Владата веднаш да ги прекине пропагандните кампањи
22.04.2008

„Либерално-демократската партија бара од Државната Комисија за спречување на корупцијата веднаш да и наложи на Владата да ги прекине масивните рекламно-пропагандни кампањи, онаа за унапредување на семејните релации и кампањата „Ти си Македонија", дециден беше портаролот на ЛДП, Илија Нешковски.

Тој го изрази сомнежот на ЛДП, дека двете кампањи кои во моментот ги води Владата на РМ, по својата содржина, порака и по формата се всушност, дел од вкупната предизборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија.

Според ЛДП, ваквиот сомнеж е потврден од експертските ставови и мислења кои сугерираат дека актуелните владини кампањи се директно во функција на политичката стратегија на ВМРО ДПМНЕ. „Рекламните кампањи во овој момент треба да прекинат, а да продолжат на 2 јуни, веднаш по одржувањето на предвремените избори. Прекинот од триесеттина дена нема да има апсолутно никакво влијание врз спроведувањето на овие кампањи“ посочија во ЛДП.

 

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------