
Либерално демократската партија денеска ја обвини Владата, која со своето неодговорно работење е директно одговорна за лоша економска состојба и за зголемување на цените на прехранбените производи.
„Владата на Груевски во континуитет а посебно во последните два дена тврди дека причината за енормните зголемување на цените на прехранбените производи е пораснат на нафтата на светската берза и минатогодишните суши во цела Европа.Сакаме аргументирано да ви докажеме дека премиерот и владата зборуваат невистини и дека овие глобални светски трендови не се причина за поскапување на основните животни артикли туку неодговорноста и неспособноста на оваа Влада."- рече Стевчо Јакимовски, член на ИО на ЛДП.
Во продолжение е компаративната анализа на цените на одредени прехранбени произбоди тука во Македонија и нивната цена во Чешка, земја членка на ЕУ.
Чешка
1 кг брашно 24 ден
1 кг шеќер 33,8 ден
1 литар зејтин 50,9 ден
1 литар тетрапак млеко
31,4 ден
__________________________
Вкупно 140,1 денари
|
Македонија
1 кг брашно 41 ден
1 кг шеќер 39 ден
1 литар зејтин 99 ден
1 литар тетрапак млеко
48 ден
________________________
Вкупно 227 денари
|
"Според прикажаното, за истите артикли во Чешка ќе се плати 140.1 ден а наште граѓани треба да платат 227 ден.Изразно во проценти 61,7% цените се повиски кај нас отколу во Чешка,каде просечна плата е 700 евра а кај нас 250 евра. Но мора да имаме во предвид дека таму премиер е г-динот Мирек Тополанек а кај нас е Никола Груевски. Токму затоа граѓаните на 1 јуни треба да стават крај на политиката која го поскапе животот, го влоши стандардот на граѓаните и го направи животот несигурен. " -истакна Јакимовски.
Како можни решенија кои го превенираат порастот на цените, Јакимовски ги посочи распишувањето на бесцарински квоти за увоз на пченица, јачмен, пченка и нефаринирано масло, кои ќе влијаат на намалување на цените. Овие решенија беа предложени од ЛДП уште минатата година. Сепак сега, најсоодветно решение би било укинување на ДДВ за основните животни намирници и нафтата и нафтените деривати.