Кандидатот за пратеник од ЛДП во првата изборна единица, Ристо Пенов, заедно со останатите кандидати за пратеници од листата на “Сонце-коалиција за Европа” денес одржа митинг кај ТЦ Бисер.
На митингот, Ристо Пенов остро го нападна недомаќинското работење на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нивната политика која ја прави Македонија изолирана земја во која живеат сиромашни граѓани.
“Груевски на претходните избори бараше на следните избори да биде ценет според резултатите кои ќе ги постигне. Што вети а што исполни Груевски? Вети нови работни места, а Македонија доби нови 35000 образовани лица кои неможат да најдат работа. ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ветувааа огромни странски инвестиции, а Македонија за време на нивното владеење стана држава со најмалку странски инвестиции во регионот. Бројот на странски инвестиции не само што не се зголемува туку и драстично се намалува. Се реализираа само странските инвестиции кои беа договорени од нашата,претходната Влада на РМ. "- истакна Пенов на вечерашниот митинг вo oпштина Аеродром.
“Им ја оставивме Македонија, средена и изведена на правилен пат, им ја оставивме Македнија земја-кандидат за ЕУ. А кандидатскиот статус го издејствувавме во многу потешки услови, во една пост-конфликтна Македонија. ВМРО-ДПМНЕ не знаеше и не знае како да го продолжи патот кон евро-атланските интеграции. Само со “Сонце-Коалицијата за Европа” Македонија ќе продоложни да го оди правиот пат.Со нас Македонија за 6 месеци ќе добие датум за преговори со ЕУ и ќе стане земја членка на НАТО. Тоа е правиот пат кој на граѓаните на Македонија ќе им обезбеди да побезбеден живот со подобар животен стандард.”- рече Пенов.
Пред жителите на Аеродром се обратија и носителот на листата,Радмила Шекеринска и дел од кандидатите за пратеници.