ВЕСТИ
Носителот во двојата од Сонце- Коалиција за Европа, Манасијевски на мини-митинзи во седум населби во општина Гази Баба
14.05.2008

Носителот на листата во втората изборна единица од коалицијата "Сонце- Коалиција за Европа", Јован Манасиевски и кандидатите за пратеници од таа изборна единица, денеска одржаа седум мини митинзи со жителите од населбите Кирил Петрушевски, Триангла, Хиподром, Идризово, Колонија, Јурумлери и Гоце Делчев. Манасиевски во своето обраќање упати остри критики до носителот на листа во двојката од коалицијата "За подобра Македонија", Трајко Славески и потсети дека токму тој е неодоворен за двоцифрената инфлација во земјава.

"Денес министерот Славески, човекот кој што е најодговорен за двоцифрената инфлација во земјата, јавно и без трошка срам им порача на граѓаните на Македонија дека единствено решение кое што им преостанува во борбата со инфлацијата е да ги остават своите автомобили и да се движат пеш. Зарем ваквите решенија на министерот Славевски се дел од преродбата на ВМРО- ДПМНЕ?"- рече Манасијевски.

Тој во своето обраќање пред жителите на општините Гази Баба посочи и на скриениот " адут" на ВМРО-ДПМНЕ. "Погледнете ја внимателно листата на коалицијата за "За подобра Македонија" за изборната едниница два. Ќе видите дека на високото петто место се наоѓа Амди Бајрам, човекот кој што представува синоним за корупција и криминал. Жителите на општина Гази Баба мора да знаат дека гласот за листата на ВМРО-ДПМНЕ значи глас за Амди Бајрам. Зарем Амди Бајрам е човекот кој што на Македонија ќе и обезбеди влез во НАТО и ЕУ?"- рече Манасијевски.

Пред жителите на општина Гази Баба зборуваше и кандидатот за пратеник од коалицијата "Сонце", Иван Анастасовски, потпретседател на НСДП, кој рече дека неговата партија излегла од коалицијата со ВМРО-ДПНМЕ, поради невлегувањето на Македонија во НАТО, како и поради недонесениот закон за стечајците.

Пред жителите на општина Гази Баба со обратија и кандидатите за пратеници Славица Грковска, Ивон Величковски, Ванчо Пешевски и Мери Ниновска.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------