Со цел да и даде подршка на ЛДП и “ Сонце-Коалицијата за Европа ” за престојните парламентарни избори како и да ја охрабри Република Македонија да го продолжи патот кон Евро-атланските интеграции, деновиве во посета на Македонија е европратеникот г-дин Јелко Кацин. Кацин во европарламентот ја претставува Либер-демократската опција. Исто така, Кацин е известувач во сенка во ЕП за Македонија.Имено, Кацин е еден од најголемите лобисти и поддржувачи на Македонија во Европарламентот.
Тој недвосмислено ја охрабри Македонија по изборите брзо да продолжи кон остварување на својата цел, Евро-атланските интеграција, цел чија што реализација за жал во последниве 2 години стагнира.” Ние веќе со години се залагаме за забрзување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.Хрватска и Македонија зедно го добија кандидатскиот статус, но за жал Македонија сеуште го нема добиено датумот за отпочнување на преговорите. Ова изгубено време во овие последни 2 години од кога дојде до тој застој, мораме да го надокнадиме. Со самите избори кои веќе се следната недела се изгуби време а мора да се знае дека секој месец е драгоцен на патот на Евро Атлансите интеграции. Нас, во ЕУ би ни било драго ако пост-изборниот процес заврши што е можно побрзо како ние би имале можност да напишеме извештај со кој што се надевам, конечно ќе дојде до прогрес по застојот.”-истакна Кацин.
“Во ЕУ имаме Регата принцип- не е битно кој кога ќе влези, битно е да се дојде до крајот.Но на Западен балкан немаме никакви регати, имаме само еден “Хрватски брод” кој плови и нема никој друг позади него и не му се брза. Ама кога ќе има уште една посада, тогаш ситуацијата се менува. Тогаш има конкуренција, едните се обидуваат да ги втасаат другите а другите се обидуваат да ја задржат предноста,и токму така се созадава таа динамика која всушност му е потребна на Западниот Балкан. Сепак, можеме за релативно кратко време да постигнеме некои резултати кои се значајни.Мислам деке Македонија е прва која ќе може да влезе во безвизен режим со ЕУ. Сметам дека граѓаните на РМ се заинтересирани за Евроинтеграциите, за слободниот проток на луѓе без ограничување и визи, за слободен проток на стоки, и пред се за благосостојба. Она што луѓето овде го очекуваат е сосема нормално. Очекуваат вработување, сакаат социјална сигурност а тоа е можно само ако се воспоставени соодветните предуслови.Но нема странски инвестиции ако не се грижиме за демократијата, ако не ги почитуваме основните човекови права, ако немаме ситуација каде медиумите професионално ги исполнуваат своите обврски- конфронтирање на различните вистини меѓу себе и на крај, она што е најбитно, да имаме правна држава, да луѓето чуваствуваат правна сигурност и да држава со сите свои институции им стои на располагање. Така се остваруваат евроинтеграциите.
Словенија го изоде овој пат, стана членка на ЕУ и првата држава од “новите” членки кои претседава со ЕУ. За жал наштето претседавањето не беше искористено напредок на Македонија. Ние постигнавме потпишување на “Договор за стабилизација и асоцијација” со Србија, тоа наскоро ќе се случи и со БиХ, отиде и Црна Гора доста далеку и наскоро ќе го добие кандидатскиот статус, Косово веќе е признаено од 20 европски држави.За жал Македонија во изминатиов период не направи никаков исчекор.Како словенец ќе речам дека за време на нашето претседавање не направивме се за Македонија но ќе потенцирам дека за успех секогаш се потребни двајца. ”-рече Кацин.

Кацин истакна дека нашиот идентитет, култура и јазик се неспорни и дека за него не треба да се бориме со гола популистичка реторика туку со дела и лобирање во Европските институции."Неодамна беше усвоен извештајот за напредокот на Македонија во чија што конечна верзија вашиот јазик беше напишан како македонски. Што и да се случува околу името на државата, јазикот е основа на културата, а културата е основа на државата. Затоа,и Македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на ЕУ во оној момент кога Македонија ќе влезе во ЕУ. Во понеделник ќе претседавам со работната група ЈПЦ, заедничкото заседавање на парламентите на Западен Балкан и Европарламентот. Темата на работната група ќе биде Економскиот развој. Единствениот јазик кој таму нема да биде е македонскиот. Тоа ми е несватливо. Единствено вашето, македонското Собрание нема да има свои претставници.Доаѓаат сите освен претставници од Македонија, доаѓаат:од Хрватска, БиХ , Албанија, Косово,дури и од Србија доаѓа Оливер Дулич кој што веќе подолго време е без мандат.Несватливо е како некој од вашиот парламент не се почувствува одговорен да земе Македонско знаме и македонски преведувач и со своето учество да ве застапува на оваа работна група"-потенцира Кацин.
Кацин ја истакна која е важноста поради која Македонија мора што е можно побрзо да биде дел од НАТО и ЕУ како и која е клучната улога на Македонија за стабилизација на целиот регион. "Пред се Македонија не е дел од проблемот, туку дел од решението во овој регион.Она што Македонија го сработила за стабилноста на Западен Балкан, уште од периодот на кризата во Косово, е нешто што не можеме и не смееме никогаш да го заборавиме. Она што според мене е клучно во однос на НАТО и за што треба да биде сите во регионот овде свесни е дека членството во НАТО носи безбедносни гаранции.Значи, било каква опасност за било која членка е опасност за цел НАТО.И ако Албанија и Македонија се членки на НАТО, тогаш е дефинитивно крај на сите тие приказни за Голема Албанија. Она што е исто така значајно е овие земји да почнат да соработуваат во однос на прашањето на безбедноста и да се развојат односи на сојузништво.
Во однос на приближувањето на Македонија кон ЕУ, Македонија има пионерска улога.Поради одредени ваши национални структури, што и да биде договорено тоа мора да биде преведено и на албански.Така тоа ќе биде достапно и на Албанските и на Косовските Албанци. Се она што е поврзано со приближувањето на вашата земја кон е ЕУ а ќе биде договорено за односот помеѓу Македонците, Албанците и останатите малцинства кои живеат во Македонија, тоа ќе важи и за Косово. Односно тоа ќе мора да го прифати и Албанското мнозинство за Србите и останатите малцинства кои живеат таму.Токму поради се ова, ако ја немавме Македонија ќе моравме да ја измислиме, зашто има толку позитивна, одговорна и историска задача пред себе.Затоа мислам дека мора да ја помагаме Македонија на патот кон ЕУ, зашто нејзината интеграција не е битна само за неа туку и за целиот регион."-рече Кацин.
Ставот на Кацин за ограничувањата за Грција за МАТ е следниот: "Грција ќе биде повикана да одговара за своите постапки. Токму затоа неодамна му се обратив на претседателот на комисијата за транспорт и туризам, во врска со неиздавање на дозволи за оперирање на МАТ аеродромите во Грција. Она што е апсолутно неприфатливо неможноста на МАТ да навлегува во Грчкиот воздушен простор, поради тоа што тоа е целосно против сите Европски стандарди.Јас за ова прашање се обратив и до комесарот Оли Рен, и до високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана со цел ги известам дека си проблемите со кои се соочуваат Руската Федерација и Грузија, сега се соочуваме и ние во ЕУ и да тоа е целосно неприфатливо."-истакна Кацин