
Денес ЛДП одржа прес-конференција на која членот на ЦО, Драган Малиновски ја пренесе реакцијата на ЛДП за составот на листите на кандидати за пратеници поднесена до ДИК од страна на СДПМ.
Имено, оваа партија за носители на листи номинирала лица чии имиња се слични, па дури идентични со носителите на листи од Сонце- Коалиција за Европа. Повеќе од очигледно е намерата на подносителот на овие листи-да граѓаните кои имаат намера да гласаат за Сонце-Коалиција за Европа бидат доведени во заблуда и го заокружат редниот број на дублерот.
" Укажуваме на фактот дека идентично сценарио беше реализирано и на предходните парламентарни избори од 2006 година, што резултираше со оштетување на нашата коалиција со два пратенички мандати од третата и петтата изборна единица. Сметаме дека ваквите изборни манипулации воопшто не се наивни и истите сериозно ја загрозуваат слободата на определување на избирачите, што е санкционирано и со Кривичниот законик."-истакна Малиновски.
"Поради тоа Сонце-Коалицијата за Европа ќе поднесе до Јавното обвинителство кривична пријава за сторено кривично дело Повреда на слободата на определување на избирачите.Ги повикуваме Јавниот обвинител на Македонија, како и останатите институции задолжени за обезбедување на регуларноста на изборниот процес, итно да ги превземат сите неопходни дејствија кои им стојат на располагање, како би можела докрај да се разоткрие позадината на овој префинет акт насочен против слободата на волјата на избирачите."-потенцира Малиновски.