ВЕСТИ
Kулминација на насилството во предизборниот период
12.05.2008

Денес ЛДП одржа прес-конференција со цел да побара од министерката за внатрешни работи одговори на прашања кои директно се поврзани со предизборните инциденти секојневно присутни во западна Македонија. "Уште еднаш ја изразуваме нашата крајна вознемиреност за кулминацијата на инцидентите во предизборниот период."- истакна портпаролот на ЛДП, Илија Нешковски.

"Веќе е очигледно дека ветувањата на коалициониот партнер на Груевски, Мендух Тачи ( за касапааната во предизборјето) и побрзо од очекуваното стануваат реалност.Веќе неколку дена секој ден имаме по неколку вооружени инциденти. За жал веќе престанавме и да ги броиме. Само во последниве 30тина часа имаме 9 вооружени инциденти. До сега од распишувањето на предвремените избори има близу 30 вооружени инциденти."- потенцира Нешковски.

ЛДП, крајно загрижена за моментлната ситуација побара одговор на повеќе прашања меѓу кои и на тоа како е можно ниту еден од овие инциденти да не е разрешен и што и дали воопшто нешто работи МВР под раководство на Јанкуловска. "Очигледно е дека Гордана Јанкуловска нема веќе никаква контрола врз ситуацијата во полошкиот регион. Таа на територијата на Гостивар и Тетово по се изгледа е само кадидат за пратеник. Реален министер е Рефет Елмази.ЛДП прашува зошто нема внатрешна истрага во МВР за учество на структури на МВР во овие инциденти за што постојат и сериозни индиции. И уште повеќе,дали воопшто МВР го има на тетовските улици?Тетово веќе наликува на град на духови. По 20 часот граѓаните се затворени во своите домови и живеат во страв."- констатира Нешковски.

Крајниот заклучок на ЛДП е дека со овие инциденти целосно е дотолчен и она малце углед што ни остана во меѓународната заедница. Со овие инциденти Груевски и Тачи ги закопуваат наши шанси за влез во НАТО и ЕУ преговори.ЛДП загрижено тврди дека ако продолжат овие инциденти за жал само прашање на време е кога ќе ги имаме човечки жртви.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------