Форумот на жени на ЛДП чувствувајќи потреба да реагира на намалениот наталитет во РМ преку предложување на конкретни мерки и решенија одлучи да спроведе кампања под името "Повеќе права за мајките, влог за Македонија". Целта на кампањата е да се презентираат пред пошироката јавност законските предлог промени кои се планираат и притоа преку петиција да се обезбеди граѓанска поддршка. Почетокот на кампањата беше денес, пред споменикот "Мајка Тереза" во Скопје каде се одржа и прес конференција.
"Според статистичките податоци во 2030 година староста на населението во Р.М ќе биде 29.5%, а процентот на младите ќе опадне на 22%.Дури и без да се погледнат податоците за демографската структура на населението во Р.М јасно видливо е дека нашата земја од ден на ден се повеќе старее. За жал бројот на семејства и мајки со повеќе од две деца е се помал за разлика од бројот на семејства без ниту едно дете кој е во пораст." - истакна претсдателката на Форумот на жени на ЛДП, Роза Топузова Каревска.
" Форумот на жени на ЛДП за ралика од ВМРО-ДПМНЕ и Груевски нуди конкретни решенија како да се справиме со т.н “бела чума” и како да им помогнеме на мајките во истиот момент кога тоа им е најпотребно.Груевски ветуваше заслужни пензии за жените со 4 и повеќе деца. Ние нудиме решенија како до 2 или 3 деца.За да се постигне таа благородна цел, пораст на наталитетот и радост во семејството, не се потребни само скапи реклами во медиумите платени со парите на граѓаните, туку е потребна вистинска искрена политика која предлага конкретни мерки кои даваат конкретни резултати."-потенцира Каревска.
Токму затоа Форумот на жени на ЛДП реши да ги предложи следните измени во: 
Законот за Работни односи, Законот за Здравствено осигурување, Законот за пензиско и инвалидско осигурување- измени кои ќе го стимулираат наталитетот и раѓањето.И тоа :
- Зголемување на породилното боледување за трето дете на 15 месеци;
- Мајките за време на породилното отсуство да добиваат од фондот надоместок во висина на платата која ја оствариле во последниот месец пред боледувањето;
- Надоместокот да не биде понизок од 50% од просечната плата во Р.М
- Скратување на времето за пензионирање и тоа
- за мајка со 1 дете скратување за 6 месеци
- за мајка со 2 деца скратување за 12 месеци
- за мајка со 3 деца скратување за 24 месеци
За да се постигне оваа цел покрај предложените измени во Законите потребна ни е и Вашата поддршка.Искрено веруваме дека ќе ја поддржите оваа благородна кампања која значи иднина за нашата држава.