Македонија мора да продолжи на патот кон ЕУ и НАТО
Прес-конференција на европратеникот г-дин Јелко Кацин
24.05.2008
Со цел да и даде подршка на ЛДП и “ Сонце-Коалицијата за Европа ” за престојните парламентарни избори како и да ја охрабри Република Македонија да го продолжи патот кон Евро-атланските интеграции, деновиве во посета на Македонија е европратеникот г-дин Јелко Кацин. Кацин во европарламентот ја претставува Либер-демократската опција. Исто така, Кацин е известувач во сенка во ЕП за Македонија.Имено, Кацин е еден од најголемите лобисти и поддржувачи на Македонија во Европарламентот.
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ..
 
Сонцето е порака што зближува
Интервју во "Теа Модерна " со претседателот на ЛДП, Јован Манасијевски
21.05.2008
"Најмногу ме загрижува подготвеноста на власта со брутални притисоци, заплашувања, очигледни злоупотреби, со манифестирање на сирова моќ да ги заплаши и пасивизира граѓаните. Она што ме охрабрува е силната европска и НАТО ориентација на луѓето, силната желба да не останеме изолирани која се чувствува кај убедливото мнозинство."
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ..
 
 
 
Груевски мора да си оди
Интервју во "Глобус" со претседателот на ЛДП, Јован Манасијевски
20.05.2008
ремиерот со својата деструктивна политика агресивно го наметна овој капитален судир меѓу изолацијата и интеграцијата на земјата, кој секојдневно го заострува со својата квазипатриотска реторика. „Сонце“ настана како сконцентриран, жесток одговор на неспособноста на Владата да се избори за клучните државни приоритети. Владата и премиерот станаа заробеници на една политика на самоизолација, на една дефинитивно губитничка и деструктивна политика за Македонија. Тие, со таа своја политика, во таа своја намера - мора да бидат спречени!"
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ..
 
 
 
Лажниот кич-патриотизам не' води во изолација
Интервју во "Дневник" со претседателот на ЛДП, Јован Манасијевски
17.05.2008
"Со европската интеграција на нашата држава, стабилизирањето на средната класа, подигање на вкупниот образовен статус на нашата популација, ќе се создадат услови партиите како ЛДП да пледираат и на водечката улога во политичкиот систем."
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ..
 
 
 
 
 
„Сонце“ ќе ја врати Македонија на вистинскиот пат
Интервју во "Утрински весник " со претседателот на ЛДП, Јован Манасијевски
17.05.2008
"Мислам дека обврска и одговорност на сите луѓе кои сериозно се занимаваат со политика, е да се спротивстават на таквата политика на премиерот. Така што, коалицијата „Сонце“настана спонтано, неа ја роди ситуацијата пред Букурешт, траорниот пораз и крајно неодговорното однесување на премиерот по самитот. Тоа е една коалиција од нужда, за враќање на Македонија на вистинскиот пат. "
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ..
 
 
 
 
БИДИ И ТИ ДЕЛ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЛИДЕМ
ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА 16 ГОДИНИ
Дојди, потпиши се и со тоа поддржи ја иницијативата која им дава шанса на младите да ги применат либерално-демократските принципи во Македонија
 
 
ИНИЦИЈАТИВА НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА ЛДП
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ..
 
 
 
 
 
 
КОЛУМНИ
28.05.2008
27.05.2008
26.05.2008
15.05.2008
14.05.2008
13.05.2008
12.05.2008
06.05.2008
05.05.2008
30.04.2008
29.04.2008
24.04.2008
24.04.2008
23.04.2008
22.04.2008
21.04.2008
НАЈНОВИ ВЕСТИ
Кандидатите за пратеници од коалицијата "Сонце" од четворката на митинг во Прилеп
29.05.2008
 
Кандидатот за пратеник од четвртата изборна единица, Роза Топузова Каревска и останатите кандидати на коалицијата Сонце од оваа изборна единица,, денес имаа предизборен митинг во Прилеп. На митингот се обрати и лидерот на ЛДП, Јован Манасијевски.
Централен митинг на “Сонце-Коалицијата за Европа” во Скопје
27.05.2008
 
Денес на плоштадот "Македонија" во Скопје се одржа голем централен митинг на "Сонце-Коалицијата за Европа". На митингот се обратија лидерите на партиите од коалицијата како и носителите на кандидатсикте листи за пратеници од сите шест изборни единици.
Кандидатите за пратеници од единицата од “Сонце-Коалицијата за Европа” на митинг во Аеродром
23.05.2008
 
Кандидатот за пратеник од ЛДП, Ристо Пенов заедно со останатите кандидатити за пратеници од листата во првата изборна единица од коалицијата "Сонце- Коалиција за Европа", денеска одржаа митинг во Аеродром.
Градоначалникот на Велес обвини дека изградбата на новиот театар е искористена за политички цели
22.05.2008
 
Велешкиот градоначалник Аце Коцевски, член на Централниот Одбор на ЛДП, денес обвини дека поставувањето на камен темелник на нова театарска зграда во Велес e искористено за политички цели.
Кандидатите за пратеници од коалицијата "Сонце" од четворката на митинг во Демир Капија
21.05.2008
 
Кандидатот за пратеник од четвртата изборна единица, Роза Топузова Каревска и останатите кандидати на коалицијата Сонце од оваа изборна единица,, денес имаа предизборен митинг во Демир Капија.
Кандидатите за пратеници од коалицијата "Сонце" тројката се обратија пред жителите на Делчево
20.05.2008
 
Кандидатите за пратеници од коалицијата Сонце за изборната единица 3, денес имаа предизборен митинг во општина Делчево.
Кандидатот за пратеник од единицата Ристо Пенов на средба со граѓани во Кисела Вода и Припор
20.05.2008
 
Кандидатот за пратеник во првата изборна единица, Ристо Пенов,како и останатите кандидати за пратеници од листата на на “Сонце-коалиција за Европа”имаше средба со граѓани во Припор, Кисела Вода 1 и 2.
Носителот на листата за изборната едниница 2 од "Сонце- Коалиција за Европа", Манасијевски во посета на повеќе населени места во општина Гази Баба
19.05.2008
 
Носителот на листата за изборна единица 2 од коалицијата “Сонце“ Манасијевски и дел од кандидатите за пратеници остварија повеќе средби со граѓаните на Автокоманда, Керамидница, Јане Сандански и Црешево .
Кандидатите за пратеници од четворката од "Сонце" на митинг и средби во Прилепско и Кривогаштани
19.05.2008
 
Кандидатот за пратеник од ЛДП во четвртата изборна единица, Роза Топузова Каревска, заедно со останатите кандидати за пратеници од листата на “Сонце-коалиција за Европа” денес одржа неколку мини-митинзи и средби со граѓани во Прилепскиот регион и Кривогаштани.
ВМРО-ДПМНЕ врши огромен притисок врз населението во четвртата изборна единица
17.05.2008
 
Kандидатот за пратеник во четворката, Роза Топузова Каревска, денеска на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ деновиве врши огромен притисок врз населението во четвртата изборна единица и пред се во Прилеп.
Кандидатите за пратеници од единицата од “Сонце-Коалицијата за Европа” на мини-митинзи во три скопски општини
15.05.2008
 
Кандидатот за пратеник од ЛДП, Ристо Пенов заедно со останатите кандидатити за пратеници од листата во првата изборна единица од коалицијата "Сонце- Коалиција за Европа", денеска одржаа три мини-митинзи со жителите од населбите Влае, Карпош и Драчево.
Носителот во двојката од Сонце- Коалиција за Европа, Манасијевски на мини-митинзи во седум населби во општина Гази Баба
14.05.2008
 
Носителот на листата во втората изборна единица од коалицијата "Сонце- Коалиција за Европа", Јован Манасијевски и кандидатите за пратеници од таа изборна единица, денеска одржаа седум мини митинзи со жителите од населбите Кирил Петрушевски, Триангла, Хиподром, Идризово, Колонија, Јурумлери и Гоце Делчев.
Носителот во двојката од коалицијата „Сонце“ Манасијевски на мини-митинзи во три кумановски населби
13.05.2008
  Носителот на листата во втората изборна единица од коалицијата „Сонце -коалиција за Европа“, Јован Манасијевски и кандидатите за пратеници од таа единица денеска одржаа три мини-митинзи со жителите од населбите Тоде Мендол, Перо Чичо и Гоце Делчев.
Kулминација на насилството во предизборниот период
12.05.2008
 
Загрижени сме поради инцидентите во предизборниот период. Имено, секојдневно имаме по неколку вооружени инциденти. Прашање на време е кога ќе имаме и човечки жртви. Со овие инциденти се крајниот чекор за закопување на нашите шанси за влез во НАТО и за ЕУ преговори .
Прв изборен митинг на Сонце - Колицијата за Европа
11.05.2008
 
Денес во Штип на градскиот плоштад се одржа првиот изборен митинг на Сонце-Коалицијата за Европа каде што беа претставени и 20 - те кандидати за пратеници од листата од третата изборна единица.
Повеќе права за мајките, влог за Македонија
11.05.2008
 
Форумот на жени на ЛДП одлучи да спроведе кампања под името "Повеќе права за мајките, влог за Македонија". Целта на кампањата е да се презентираат пред пошироката јавност законските предлог промени кои се планираат и притоа преку петиција да се обезбеди граѓанска поддршка.
Kривична пријава за СДПМ за повреда на слободата на определување на избирачите
05.05.2008
 
ЛДП ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство против Социјалдемократската Партија (СДПМ) за сторено кривично дело Повреда на слободата на определување на избирачите .
Промовирана "Сонце-Коалиција за Европа"
02.05.2008
 
ЛДП, СДСМ, НСДП, ЛП, Нова Алтернатива, Зелената партија и Партија на пензионерите заедно ќе настапуваат на предвремените парламентарни избори под името "Сонце-Коалиција за Европа". Коалицијата има заеднички став дека треба да се стави крај на политиката на изолација и Македонија треба што поскоро да влезе во НАТО и ЕУ.
ЛДП во „Коалицијата за Европа“
01.05.2008
Либерално-демократската партија на денешната седница на Централниот Одбор донесе одлука на вонредните парламентарни избори да настапи во „Коалицијата за Европа“. Оваа коалиција е составена од повеќе политички партии чија цел е што побрза евроатланска интеграција на Македонија и спротивставување на политиката на натамошна изолација на државата. Централниот Одбор на ЛДП ја прифати и предлог-листата на кандидати за пратеници, според која, на листата на „Коалицијата за Европа“, либералните - демократи ќе бидат застапени со осумнаесет свои кандидати.
ЛДП има доверба во младите. Возачка дозвола од 16 години!
24.04.2008
 
Подготвени сме како генерација да одговараме за своите постапки. На младите во Македонија треба да се гледа како на рамноправни граѓани. Македонија мора да биде земја во која младите од рана возраст ќе се градат како одговорни личности, а не како лица кои постојано се под нечиј патронат, порачуваат младите либералдемократи.
Власта е одговорна за инцидентите, на Елмази да му се забрани пристап во МВР
23.04.2008
 
Министерството за внатрешни работи не само што не превзема ништо за превенција на вакви настани, туку напротив, според изјавите на сведоците е инволвирана во нив, ја изрази ЛДП својата загриженост од предизборните инциденти .
Антикорупциската Комисија да и наложи на Владата веднаш да ги прекине пропагандните кампањи
22.04.2008
 
Либерал-демократите, но вкупното експертско мислење сметаат дека кампањите „Ти си Македонија“ и кампањата за унапредување на семејните релации се директно во функција на политичката стратегија на ВМРО ДПМНЕ .
Веронауката конечно на Уставен суд
22.04.2008
 
Македонија е секуларна држава и тоа е регулирано со Уставот, а од друга страна барем половината од наставните содржини кои се предвидуваат во законот, а се однесуваат на веронауката претставуваатц индоктринација. Верска индоктринација и секуларна држава не одат заедно.
Јакимовски: Избирачите ќе и стават крај на политиката што им го поскапе животот
22.04.2008
 
ЛДП уште лани како можни решенија за превенција од ценовиот раст ги посочи распишувањето на бесцарински квоти за увоз на пченица, јачмен, пченка и нефаринирано масло .
Наместо животниот стандард, растат цените!
20.04.2008
 
Вистина е дека Груевски ни ги покачи пензиите за 12 насто, но само пред две години маслото за јадење го купував за 54 денари а сега го купив двапати поскапо, вели пензионерката Маре Сталевска .
ЛДП го прослави 11-тиот роденден
19.04.2008
 
Во рамките на прославата на 11-тиот роденден на ЛДП, беше одржана конференцијата „Овозможување на европската агенда во Југоисточна Европа: "Одговор на либералните демократи на конзервативните и популистички политики“ на која што присуствуваа истакнати политичари од соседните земји.
ЛДП ќе ја оспори незаконската одлука за измена на ГУП-от на Скопје
18.04.2008
 
Градските власти и владејачката ВМРО-ДПМНЕ на начин кој не соодветствува со ниту една процедура, ниту уставна, ниту законска, ниту деловничка се обидуваат да направат нов упад во урбанистичката сфера и да предизвикаат целосен хаос во градското планирање .
Предизборниот Кодекс на ВМРО-ДПМНЕ-параван за фалсификат на изборите
16.04.2008
 
Не може партијата која не го почитува изборното законодавство, која не дозволи промена на претседателот на ДИК и оневозможи донесување на правила за рамноправно медиумско претставување да пледира на фер однос .
Груевски продолжува со партизација на државната администрација
15.04.2008
 
"Армијата од 360000 невработени од ден на ден се зголемува, единствено се намалува бројот на невработени партиски војници и блиски роднини на функционери од ВМРО-ДМПНЕ."- истакна Роза Топузова Каревска, член на ИО на ЛДП и претседател на Форумот на жени на ЛДП на денешната прес конференција. "Очигледно е дека за него никакво значење нема годишниот извештај на ЕУ каде децидно го предупредуваат за целосна партизација на администрацијата."- посочи Топузова Каревска .
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------
Конференција на ЛДП и на ЕЛДР: Европската агенда- единствен одговор на либералите за популистите
14.04.2008
 
ЛДП одбележувајќи ја својата годишнина, во соработка со ELDR, VVD и Фондацијата Фридрих Науман ја организира Конференцијата: „Овозможување на европската агенда во Југоисточна Европа: "Одговор на либералните демократи на конзервативните и популистички политики“.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
"Ги поддржуваме либерал демократите во Македонија во нивната борба против националистичкиот популизам на престојните предвремени избори"
13.04.2008
 
На отвoрањето на советот на Европската либерално-демократска партија (ЕЛДР) во Талин, Естонија, претседателот на ЕЛДР, Анмари Нејтс јасно го осуди грчкото вето за членството на Република Македонија во НАТО и упати порака да поддршка на ЛДП за престојните вонредни избори.
"Грција го употребува своето членство во НАТО и ЕУ за опструкција на проширувањето"
11.04.2008
 
Во изјавата на Либералната интернационала, чија полноправна членка е Либерално-демократската партија, Претседателот на Либералната интернационала, лордот Олдердајс се изразува разочараност заради опструкциите кои грчкото вето ги поставува во однос на членството на Република Македонија во НАТО. Според лордот Олдердајс опструктивноста на Грција е спротивна на духот на транснационалните семејства, однесување кое се повеќе го фрустрира останатиот дел на Европа и сојузниците.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------