КОЛУМНА
Груевски- дојде, вети и си замина
Слободан Најдовски
24.04.2008

Имајќи ја предвид лошата екон o мска состојба на граѓаните, на Македонија и навистина и требаат предвремени избори. Оваа влада покажа дека незнае да се справи со инфлацијата, со се поголемата сиромаштија, не доби покана за НАТО, нема датум за преговори со ЕУ. По a ѓајќи од овие причини, оваа Влада и треба да си оди.

Од друга страна, ако се имаше во вид клучниот период за иднината на Македонија, изборите требаше да се одржат после 30 јули а до тогаш да се обидевме да ја искористиме големата подршка од САД и да добиевме покана за НАТО. До 30 јули е последната шанса, заедно со Албанија и Хрватска да отпочне ратификација на приемот во НАТО во 26-те национални прламенти на членките на Алијансата. Затоа, амбасадорката Нуланд ни порача дека се во прашање денови и недели, а не месеци. Во Македонија таа порака сите сериозно ја сфатија освен господата Груевски и Ахмети. Тие заедно решија да одат на избори.

Не секогаш во историјата предвремени избори значат и квалитет. Во периодот од 1928 до 1933 год. Германија имаше 4 вонредни избори се додека партијата на Фирерот не доби апсолутно мнозинство во парламентот. Што следеше потоа, тоа на сите нам ни е познато.

Одговорна Влада, одговорен премиер што си ја сака својата држава, својот народ нема да распише предвремени избори во клучните историски моменти кога се решава иднината на Македонија.

Убеден сум дека овие избори ќе ја оддалечат Македонија од НАТО и датум за преговори со ЕУ. Македонија влегува во период на неизвесност.

Ако во Букурешт Грција стави Вето за НАТО предвремените избори се уште едно ВЕТО.

Но, сега нема што друго освен на 1 јуни граѓаните на Македонија да поразат политиката на Груевски. Треба да се порази политиката која води кон изолација,политика која води кон сиромаштија.

Груевски е единствениот политичар во светски размери кому за неуспесите на владата му е виновна опозицијата. Постои ли некаде во светот, парламент кој нема опозиција.

Затоа, на демократски начин, граѓаните на Македонија треба да одлучат дека е потребно, друг премиер и друга Влада да ги води во НАТО и ЕУ.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------