КОЛУМНА
Да се потсетиме!
Лилјана Ивановска
30.04.2008

ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните да дадат сугестии за изборната програма за 2008, добра иницијатива но кога е суштинска а не маркетиншка, како граѓанин им предлагам да внесат во програмата дека ќе го укинат монополот  во фиксната телефонија (можат тој дел да го препишат од програмата  од 2006 “ Преродба во 100 чекори”, ништо не е променето и после две години). Таму пишува:”во рок од 60 дена од формирање на Владата ќе ги отстраниме сите законски пречки за целосна либерализација во фиксната телефонија.Рок:60 дена".И затоа да се потсетиме хронолошки: 2001-Продажба на Телеком  од Владата на ВМРО-ДПМНЕ чиј министер за финансии Никола Груевски ги потпишал Акционерскиот Договор и  Договорот за продажба на акциите со 51% и покрај предупредувањата на јавноста за стварање на приватен монопол со ексклузивни права до 2018 година, резултат е постојан раст на цените на импулсите и зголемување на исклучени броеви.

2003 -ЛДП бара контрола на тарифирањето на импулсите 2004 -ЛДП покрена иницијатива во законот за укинување на претплатата и утврдување на реалните трошоци

2005- Донесен законот за електронски комуникации и основање на регулаторно тело 2006- Изјава на ВМРО-ДПМНЕ “ќе го укинеме монополот на Телеком кога ќе дојдеме на власт” 2006- ЛДП го обвини за лицемерие господинот Груевски, и го повика да се извини за ставањето потпис на штетниот Договор за продажба на Телеком

2006- ВМРО-ДПМНЕ негира дека  постои таков Договор,  по јавното објавување на потписот на Груевски од страна на ЛДП, ВМРО-ДПМНЕ замолчa и не даде одговор

2007 -ЛДП ја повика Комисијата за заштита на конкуренцијата за укинување на незаконскиот манипулативен трошок, и ја повика Владата да ги усогласи концесиските Договори на трите оператори поради што Владата губи милионски суми од држењето статус кво ситуација.Комисијата реагираше Владата молчи. Колку профитираше ВМРО-ДПМНЕ од сета ова ујдурма и глумење на либерализација на пазарот во фиксната телефонија и зошто сеуште не ги усогласи концесиските договори на трите оператори.

 

 

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------